Заборавете на трендовите: Овие 2 фризури никогаш нема да излезат од мода, а совршено им стојат на сите!

Полн погодок

Есента е идеално време за промени. Доколку размислувате за нова фризура, нема да погрешите со овие две опции

Трендовите доаѓаат и си одат, но со класиката нема грешка. Фризерите секоја сезона наметнуваат некој нов тренд на стилизирање на косата, кој кратко се задржува и потоа се појавува следниот и така во круг. Промените некогаш годат, но невозможно е да се искористи буквално сè што е актуелно.

Овие фризури успешно го положиле тестот на времето и со децении се омилениот избор на дамите. Најдобро кај нив е тоа што одлично стојат на секој облик на лице.

Доколку не сакате да ризикувате, овие две фризури се идеални за вас.

Паж

Паж или боб-фризурата, со должина малку под брадата, му стои секому. Дури и да имате тркалезно лице, ќе ви стои феноменално. Оваа должина е многу погодна, па лесно ќе го одржувате обликот и фризурата ќе изгледа беспрекорно.

Можете да носите потполно рамна коса, но добро ќе изгледа и доколку ја навиткате.

Степенеста фризура

Ваквиот начин на потстрижување е ненадминлив со децении. Сигурно барем еднаш во животот сте имале токму ваква фризура и знаете колку добро го истакнува лицето.

Поради начинот на потстрижување, нема да морате да вложите никакви дополнителни напори во нејзиното стилизирање. Доволно е да ја исушите со фен, додајте малку пена и „изгужвајте“ ја косата и ќе имате фризура како штотуку да сте излегле од салон.

Не знаеме ни како да ја наречеме: Што мислите за новата фризура на Ен Хатавеј? (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.