Овните се лажат и себеси: Какви лажговци се хороскопските знаци?!

Дали сте вешти во лажењете или лажете само кога морате?

Може многу да се дискутира за тоа дали лажењето е лошо или сепак добро во одредени ситуации, но колку и да му се противиме, мораме да признаеме дека сите имаме кажано некоја лага.

Но, не секој знае да лаже – додека некои без проблем смислуваат цели приказни, другите се фатени уште пред да го довршат првиот збор.

Каков лажго сте вие?

Овен

Вие делувате како искрена личност, но сте толку добри во лажењето, што постојано лажете. Некогаш успевате и самите да се излажете.

Бик

Вие сте ужасни лажговци. Одвреме-навреме кажувате по некоја мала лага, но секојпат ве фаќаат. Премногу е очигледно кога лажете.

Близнаци

Некогаш изгледате толку сомнително, што сите околу вас мислат дека лажете. Но, вие секогаш ја кажувате вистината. Проблемот е што често си го менувате мислењето, па другите мислат дека им „продавате“ лаги.

Рак

Многу добро знаете како да манипулирате со другите за да го добиете она што го сакате и знаете како да ги искористите емоциите. Кога лажете, знаете што точно треба да кажете за другите да ви поверуваат.

Лав

Искрено, вие не сакате да лажете, но некогаш ги преувеличувате вашите приказни. Сакате да звучат повозбудливо отколку што навистина се, па само тогаш знаете да кажете по некоја мала лага.

Девица

Вие мразите да лажете и го правите тоа кога навистина немате друг избор. Само кога знаете дека кажувањето на вистината може да ви предизвика сериозни проблеми.

Вага

Никој никогаш нема да се посомнева дека лажете бидејќи изгледате како најдобрата личност на светот. Но, токму ова ве прави одлични лажговци.

Скорпија

Вие лажете без воопшто да се двоумите. Според вас, штом лагата не повредува никого, нема ништо лошо во неа.

Стрелец

Вие премногу ги сакате семејството и пријателите за да ги лажете. Всушност, вие сте најискрениот знак во зодијакот и не пробувате да лажете никого.

Јарец

Вие, едноставно, не ја гледате поентата на лажењето. Поради ова, секојпат ја кажувате вистината, без разлика колку е сурова.

Водолија

Вие сте креативна личност која размислува брзо, па лесно смислувате лаги во која било ситуација. А, од голема корист ви е што сите ви веруваат.

Риби

Вие лажете само кога треба да ги заштитите саканите. Никогаш не сакате да ги повредите оние што ви се најблиски, сакате постојано да се чувствуваат добро и кога ги лажете, тоа е со најдобрата намера.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.