Разликата е огромна: Со овие бои на ѕидовите, малиот стан ќе изгледа двојно поголемо, посветло и попространо!

Сè е до боите и осветлувањето

Фото: Getty Images

Покрај сите работи што треба да се соберат во мал стан, наоѓањето вистинска боја за ѕидовите се чини како најголем предизвик

Бојата може визуелно да ја намали и зголеми собата. Премногу светла нијанса може да го направи просторот безличен, додека темната може да го задуши. Она што сигурно не сакате да го постигнете е вашиот стан, колку и да е мал, визуелно да биде уште помал. Во тој поглед, ви ги претставуваме боите што се решение за вашите мали животни простори.

Ако не сте љубител на класичната бела боја, пастелните тонови може да бидат совршени за збогатување на ѕидовите во вашиот стан. Пастелна светложолта, бледорозова и сина ќе ви овозможат да ги исполните просторот со свежина и да ја искористите светлината во него на најдобриот можен начин. Контрастот на пастелните и белите тонови ќе направи совршен баланс во просторот. Исто така, во оваа комбинација пожелни се светли подови.

Доколку сакате да ја истакнете убавината на просторот во кој живеете, топлите сини нијанси на ѕидовите се како создадени за вас. Сината боја ќе направи просторот да изгледа суптилно поголемо без да го наруши концептот во него. Топлата сина боја може да биде и во вид на акцентен ѕид, бидејќи ѝ треба малку простор за станот да изгледа и поголемо и поубаво.

Можете да ја зголемите ефикасноста на рефлектирањето на светлите ладни тонови со употреба на боја со сјаен финиш. Ладните сини нијанси, бојата на лаванда и сличните тонови можат визуелно да го зголемат просторот во којшто минувате време секојдневно. Овие бои особено убаво изгледаат во простор што не добива доволно природна светлина.

За да го направите малиот простор поголем на прв поглед, послужете се со палетата на лесни неутрални тонови. Светлосивата боја е како создадена за мали простори на кои им треба доза стил и елеганција.

 

Дизајнерите на ентериер советуваат меѓу потемните неутрални тонови да ја побарате онаа боја што одговара на вашиот стил, а која истовремено визуелно ќе го прошири просторот. Потемните неутрални тонови во комбинација со светол мебел, создаваат оптичка илузија на поголем простор.

Кога-тогаш ќе се покаете што сте ги купиле овие работи: Најголемите грешки во ентериерот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.