Кристина Тодоровиќ Николиќ: Kвалитетот е клучен за секој бизнис, а исто толку важен е и искрениот однос

Генералната менаџерка на Тинкес во интервјуто за Економист – Светот во 2024-та ги открива достигнувањата и плановите на компанијата во претстојната година.

Тинекс е успешна македонска компанија на пазарот веќе 30 години. Но, ние во Тинекс, оваа 2023 интензивно се подготвувавме за следните 30 години. Имено, во годинава што веќе изминува, ние се посветивме на внатрешно зајакнување и создавање на услови за иден одржлив развој.

Кристина Тодоровиќ Николиќ, генерална менаџерка на Тинкес

Крајот на 2022 е периодот кога одлучивме дека време е за промени неопходни за да се справиме со новите состојби на пазарот. Но, секоја промена доаѓа од внатре и започнува со анализа на постоечката состојба, кои сме ние, што сакаме? Требаше да дознаеме како се чувствуваат нашите вработени, што сакаат, што не сакаат, што ги мотивира, што ги фрустрира.

За таа цел спроведовме истражување со нашите вработени, користејќи го Quintaum методот. Речиси цела 2023 година, работевме со резултатите кои ги добивме, и иако нашите вработени не оценија како посакуван работодавач и всушност добивме признание за истото, ние увидовме дека е потребно да направиме одредени промени кои ќе не направат посилни, по отпорни и секако по успешни.

Фокусот го ставивме на градење тим, создавање на нова организациона структура и најважно ја редефиниравме нашата визија, мисија, вредности и принципи според кои ќе работиме. 

Редифинирање на визијата и мисијата и клучните вредности некако природно дојдоа во целиот тој процес. Низ сите разговори со тимот, како подобро, каде се гледаме низ годините, увидовме дека Тинекс како компанија влегува во една нова фаза, но и условите во кои работиме, пазарот, потрошувачите и вработените се прилично променети.

Нашата нова визија, која ќе не води напред, во следните 30 години,  е да бидеме ланец на маркети во кои луѓето ќе препознаваат квалитет, искрен однос, ќе сакаат да купуваат и работат.

Нашата цел е да бидеме дел од секојдневието на потрошувачите, како најдобар ланец маркети во Македонија, да понудиме квалитет и секогаш да бидеме посветени на надминување на очекувањата кои ги имаат од нас нашите потрошувачи.

Ние во Тинекс, веруваме дека квалитетот е клучен за секој бизнис и исто толку важен е искрениот однос.

Огромно внимание посветуваме на градење и одржување искрен однос меѓу колегите, но и искрен однос кон и со потрошувачите. Овие вредности се вклучени во сè она што го планираме за идните години.

Посветени сме на квалитет, искрен однос, постојано подобрување и најважно го ставаме потрошувачот во фокусот на сè она што правиме со заложба дека ќе бидеме спремни за што и да им треба на нашите потрошувачи секој ден.

Во овој контекст, би сакала да кажам нешто повеќе за италијанскиот бренд COOP, чии производи ги има исклучиво кај нас.

Станува збор за производи со врвен квалитет и многу конкурента цена. COOP е карактеристичен по тоа што станува збор за високо квалитетни производи, произведени во Италија, со строга контрола на квалитет.  COOP има неверојатно широка палета на производи и речиси и да нема категорија на производи во која нема COOP производ.

Во Тинекс моментално имаме 200, но следната година треба да имаме 600 COOP производи.

Но не се само COOP производите, Тинекс години наназад обезбедува врвни производи, како на пример најдобрите сирења од Франција, Италија, Холандија, деликатесните производи од Шпанија, Италија, производи од цела Европа, внимателно избрани и достапни единствено во Тинекс.

Во однос на планираните инвестиции и развој, нашата најнова инвестиција е Ретаил парк Годи, кој што го отворивме средината на декември.

Во изградбата и опремувањето на Годи вложивме речиси 3 милиони евра. Паркот располага со 7.000 м2 продажен простор и 13 брендови, меѓу кои Sport Vision, Sinsay, Нептун, Бриколаж, ДМ.

Во Годи секако има и Тинекс маркет, а и новитет од нашите брендови, односно Тинекс ToGo, кој нуди нарачка и подигање храна од возило (Тинекс ToGo Drive Thru).

Во 2024 планираме голем развој преку отворање нови продавници, но и реновирање на дел од постоечките. Реновирањата треба да донесат многу повеќе поволности за нашите потрошувачи, односно, новите и реновираните објекти треба во целост да ја отсликуваат нашата цел да бидеме дел од секојдевието на нашите потрошувачи, притоа секогаш ќе се трудиме да ги надминеме очекувањата на нашите верни потрошувачи.

Во 2024 сосема нов бренд ќе бидат продавниците СПОТ, или како што ние ја доживуваме, продавница на место. Имено, повторно водејќи се од нашата мисија и имајќи го секогаш потрошувачот во фокусот на сè она што го правиме, го создадовме новиот концепт на продавници СПОТ.

Во СПОТ, нашиот потрошувач ќе може да си купи вкусен квалитетен појадок, да направи пауза од обврските и да се напие одлично кафе.

На патот кон дома, да застане да испазари набрзина нешто за дома, да купи подарок во последен миг, бидејќи немал време или заборавил да го направи тоа претходно.

СПОТ е концепт на продавница која ја создадовме како одговор на сè подинамичниот начин на живот. Првата СПОТ продавница се отвора кон крајот на декември на бул. Мајка Тереза, а веднаш по неа и втората на улица Даме Груев.

Потрошувачите може да очекуваат нови СПОТ продавници на разни локации во текот на 2024.

Конечно, би сакала да им заблагодарам на сите потрошувачи кои се дел од нас веќе 30 години, на сите сегашни и поранешни, сега веќе пензионирани вработени за вложениот труд без, кои Тинекс не би бил ова што е денес.

Текст: Економист – Светот во 2024-та

Фото: приватна архива

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.