Знак што укажува на висок холестерол, а се појавува додека јадеме: Многумина не го ни забележуваат!

Може да ги спречи фаталните последици

Високиот холестерол е сè почеста појава и кај младите луѓе, а многумина не се свесни колку може да биде опасен и што сè предизвикува

Најголем број луѓе умираат од кардиоваскуларни болести, а загрижувачки е фактот што вакви здравствени проблеми се појавуваат и кај сè помлади лица. Причините за тоа се бројни: неправилен начин на исхрана како последица на брзото темпо на живот, стрес, недоволен и лош сон, наследен фактор и слично. Токму покачениот холестерол може да ни биде знак дека треба да се погрижиме за нашиот организам.

Доколку ви е покачен холестеролот, тоа може да создаде подлога за развој на бројни кардиоваскуларни болести, кои се карактеризираат со оштетувања на срцето и крвните садови, а можат да доведат до мозочен удар или инфаркт.

Како главни фактори на ризик за појава на кардиоваскуларни болести поврзани со однесувањето, препознаени се:

  • Консумацијата на тутун
  • Нездравата исхрана
  • Физичката неактивност
  • Претераната консумација на алкохол

Ризичното однесување што ги вклучува овие фактори на ризик доведува до 4 клучни метаболички промени:

  • Покачување на артерискиот крвен притисок.
  • Покачување на нивото на шеќер во крвта.
  • Зголемување на маснотиите во крвта.
  • Зголемување на телесната маса.

Многу е важно да го контролирате нивото на холестерол во крвта за да не се доведете во ситуација да лекувате последици опасни по живот.

Кога треба да се посомневате дека холестеролот ви е покачен?

Иако понекогаш не е едноставно да се препознаат симптомите, експертите тврдат дека тие, сепак, постојат. Еден од нив се појавува додека јадеме, односно најчесто по јадење. Станува збор за сензација на печење во горниот дел од стомакот, особено откако сте изеле нешто масно или слатко.

Други знаци што можат да укажуваат на покачен холестерол: отекување на долниот дел на нозете и зглобовите, отекување на стапалата или дланките, чувство на тежина во нозете, забрзана работа на срцето, болки во вратот или рамениците.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.