Свршеникот ја оставил пред олтарот: Одлучила да не ја откаже венчавката и ги свртела работите во своја корист!

Огромен аплауз!

Кајли Стид ја планирала својата венчавка од соништата, но никој не го очекувал тоа што се случило на денот на прославата. Невестата била напуштена, но продолжила со прославата

Невеста од Велс била подготвена да излезе пред олтарот и да му каже „да“ на својот свршеник, кога дознала дека тој побегнал и се откажал од венчавката. Кајли, сепак, одлучила да го помине денот со семејството и пријателите.

Кајли Стид (27) била 4 години во врска со својот свршеник, пред да одлучат заеднички да се венчаат. Како што вели таа, се договориле да бидат разделени и да не се слушнат ноќта пред венчавката, па таа до последниот момент била уверена дека сè е во ред.

„Цело време ништо не знаев“, рекла невестата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kayley Stead (@kayleystead2206)


Кајли објаснила дека немало никакви индикации дека младоженецот Калум (24) ќе го направи тоа на денот на венчавката.

„Го планиравме медениот месец и минатиот Божиќ ми подари рачно испишан албум со спомени и причини зошто ме сака. Навистина не знам зошто го направи тоа, но сега тоа не е повеќе ни важно“, рекла таа.

Кајли се спремала со своите деверици од рано наутро, а тие преку деверот дознале дека младоженецот нема да се појави. Го сокриле мобилниот телефон на невестата пред да бидат 100% сигурни дека информациите се точни.

„Кога дознав, бев во целосен шок. Сета шминка ми се размачка и не можев да ги сопрам солзите. Фотографката ме праша зошто да не поминам убав ден со семејството и пријателите, без оглед на сè. И тогаш одлучив дека ќе продолжам со прославата“, открила невестата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kayley Stead (@kayleystead2206)


Си ја поправила шминката, ја облекла својата венчаница од соништата и решила да го промени тој ден од најлошиот во најубавиот, па макар и без својот избраник.

„Деверите, семејството и пријателите, сите останаа покрај мене. Ми беше многу важно да го поминам тој ден и со моите родители, кое веќе се во години и се плашам дека можеби нема да можат да присуствуваат на мојата венчавка. Танцував со татко ми, а пријателките беа покрај мене цело време“, раскажала таа.

Иако не се омажила, невестата се фотографирала во венчаницата, танцувала, одржала говор и уживала во прославата.

„Не сакав да пропаднат сиот труд и парите вложени во венчавката и не сакав да го поминам тој ден тажна“, рекла Кајли.

https://www.youtube.com/watch?v=ROTgbNDzCUw

По венчавката, напуштената невеста добила поддршка од пријателките, кои започнале компанија за идните невести што би можеле да бидат оставени.

„Навистина не го заслужи тоа, има златно срце“, рекла нејзина пријателка, а младоженецот одбил да даде коментар зошто го направил тоа.

Невеста се омажила во венчаница од 300 денари: Фустанот го нашла во продавница за половна облека!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.