Датумот на раѓање открива колку деца ќе имате: Пресметајте го вашиот судбински број и дознајте што ве очекува во иднина

Интересно

Нумерологијата открива колку деца ќе имате, а сè што треба да направите е да ги соберете цифрите од датумот на раѓање

Според нумерологијата, датумот на раѓање може да ја открие судбината на човекот, но и бројот на деца што ќе го има.

Пред сè, мора да го дознаете вашиот судбински број. За да го направите тоа, соберете ги сите броеви од вашиот датум на раѓање. Ако добиете збир од два броја, соберете ги и нив за да добиете еден број на крајот.

На пример, ако сте родени на 1 јуни 1989, ова би била вашата равенка:

1 + 6 + 1 + 9 + 8 + 9 = 34, а потоа 3 +4 = 7. Значи, вашиот судбински број е 7.

Ако сте во брак или имате партнер, соберете ги и неговите бројки од датумот на раѓање, бидејќи заедницата со друга личност може да ви ја промени судбината.

Што всушност ви откриваат овие броеви?

1 – постојат добри шанси за бројно потомство. Меѓутоа, мора навистина да го сакате тоа. Децата ќе се појават само ако постојат услови за тоа.

2 – веројатно ќе имате едно дете.

3 – ѕвездите предвидуваат здравствени проблеми и компликации. Потомството не е исклучено, но може да настанат потешкотии.

4 – очекувајте голема група. Постои голема веројатност во вашиот живот да има три или четири деца.

5 – овој број означува две деца. Можеби дури и близнаци.

6 – веројатно ќе се родат деца со голема разлика во годините. Можно е да дојдат од други врски или од посвојување.

7 – среќната седумка значи дека веројатно ќе застанете на едно дете.

8 – постојат многу индикации дека ќе посвоите дете или дека ќе го воспитувате детето на вашиот партнер од друга врска.

9 – најверојатно ќе имате две, момче и девојче со мала разлика во годините.

Нумерологијата ви открива: Еве како да го пресметате вашиот личен животен број!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.