Невеста се омажила во венчаница од 300 денари: Фустанот го нашла во продавница за половна облека!

Неверојатно

Откако во продавница за половна облека купила бел фустан, во којшто подоцна и се венчала, оваа невеста станал хит во медиумите

Рејчел Конели (26) живее на Флорида и само што се венчала. Иако е само обична девојка, осамнала на сите насловни страници ширум светот. Зошто? Затоа што го направила невозможното: нашла венчаница што чини 300 денари!

„Го купив овој свилен фустан веднаш по вердибата“, напишала под фотографиите и видеата на кои ја покажала венчаницата.

Тесниот свилен фустан има набори во пределот на деколтето, а Рејчел го надополнила изгледот со соодветен проѕирен превез и бели сандали на потпетица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by rachel muse connealy (@rachelmuse)


И тоа не бил единствениот евтин фустан што го облекла тој ден. Две недели пред да каже „да“ ја нашла венчаницата од соништата за 5 долари, која ја носела подоцна на прославата. Исто така, споделила видео од овој фустан на ТикТок и напишала:

„Никогаш не знаеш што ќе најдеш во половните продавници две недели пред свадба.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by rachel muse connealy (@rachelmuse)


Вториот бајковит изглед вклучувал мини-фустан со бели „паф“ ракави и шарено здолниште од тантела. Рејчел успеала да „улови“ две различни венчаници за помалку од 10 долари, што е повеќе од добра зделка. Видеата од венчаницата на Рејчел имаат повеќе од 1,5 милиони прегледи, а следбениците ѝ пишале дека на денот на венчавката изгледала како војвотката од Сасекс.

Просечната цена на венчаница во САД е 1.631 долари (88.900 денари). Меѓутоа, цените можат да се движат од 500 до 25.000 долари и повеќе, во зависност од дизајнерот. А оваа девојка успеала да го направи невозможното – се венчала во фустан од соништата што не ѝ го испразнил буџетот!

Париска венчавка: Како да изгледате како француска невеста? (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.