Сите детали за венчавката на Петар Грашо и Хана Хуљиќ

Венчавка за која на големо се зборува

Откако беше објавено дека Петар Грашо (45) и Хана Хуљиќ (31) чекаат заедничко дете и планираат свадба, интересот за детали за двата најважни настани во нивниот живот продолжува.

Како што оренесуваат хрватските медиуми, двијката планира дури две прослави на својата љубов, една интимна и една за голем круг на пријатели, кои ќе се одржат кон крајот на летото, откако Хана ќе се породи.

Брачните завети ќе ги разменат во црква во Сплит на 19 февруари во Сплит, а на свечениот чин ќе присуствуваат само членовите на најблиското семејство: родителите на младенците Тончи и Вјекослава Хуљиќ, Зоран и Снежана Грашо, братот на Хана – Иван, сестрата на Петар, Буга и мајката на Вјекослава и две братучетки.

На црковната венчавка, Хана ќе облече венчаница од сплитските дизајнери Марија и Јурица Пириќ, кои ѝ ги правеа фустаните за сите други важни моменти во животот, како што е матурската вечер, но и за нејзините настапи.

Старосватица на невестата треба да ѝ биде пејачката Доменика Жувела, која и самата навести такво нешто.

Хана се’ уште не одлучила каква креација ќе носи на втората свадбена прослава, но познато е дека ова ќе биде една од најголемите забави.

Идните младенци, наводно, планираат да ги поканат сите свои пријатели и соработници, па се споменува бројка од дури 500 луѓе!

Хана и Грашо се’ уште немаат одредено датум за прославата, но најверојатно тоа ќе биде на крајот на летото, односно на почетокот на есента, кога треба да се роди нивното дете.

Иако Хана официјално потврди дека е бремена, таа и Грашо засега молчат за сите други детали поврзани со бременоста.

Се знае само дека е во третиот месец, а тоа прво им го признала на своите најблиски пријателки, а, секако, и на двете семејства.

А колку таа и Петар се среќни поради тоа најдобро говори податокот дека радосната вест им ја соопштиле на своите родители на самиот Божиќ, кој годинава двете семејства го прославија заедно.

Nakon vijesti o Haninoj trudnoći oglasio se i Tonči Huljić – Jabuka.tv

Фото: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.