Мажите со маски изгледаат привлено, покажува една студија

Мажите со сина медицинска маска на лицето се сметаат за попривлечни, покажа истражувањето спроведено во Велика Британија.

За време на пандемијата на коронавирус, имаше малку позитивни аспекти од секојдневниот живот, но британските истражувачи можеби откриле еден: мажите изгледаат попривлечно со заштитни маски на нивните лица.

Истражувачите од Универзитетот во Кардиф биле изненадени кога откриле дека се проценува дека и мажите и жените изгледаат подобро со прекривка што ја покрива долната половина од лицето.

Откриле и дека лицето покриено со хируршка маска за еднократна употреба се смета за најпривлечно – на големо жалење на производителите на модерни маски.

Д-р Мајкл Луис, предавач на Факултетот за психологија на Универзитетот во Кардиф и експерт за профилирање, вели дека истражувањето спроведено пред пандемијата покажало дека медицинските маски за лице ја намалуваат привлечноста бидејќи се поврзани со болести и инфекции.

-Сакавме да видиме дали ова се промени откако маските за лице станаа сеприсутни и да разбереме дали типот на маската има некаков ефект, рече Луис.

-Нашата студија покажува дека лицата се сметаат за најпривлечни кога се покриени со медицински маски за лице. Можеби тоа е затоа што навикнавме здравствените работници да носат сини маски, а сега ги поврзуваме со грижливи луѓе или медицински професии. Во време кога се чувствуваме ранливи, носењето медицински маски може да биде смирувачко и затоа се чувствуваме попозитивно кон оној што ги носи, претпоставува истражувачот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.