Сепак ништо од венчавката: По обвинувањата дека свршеникот ја изневерува, Џенифер Лопез има други планови!

Изненадила!

Кратко по објавувањето на свршувачката во јавност, излегоа приказни дека Алекс Родригез имал афера со две жени додека бил со Џенифер Лопез

Актерката и пејачка Џенифер Лопез на средината од минатиот месец се пофалила на социјалните мрежи со огромниот дијамант на рака и така ја објавила свршувачката со двегодишниот партнер Алекс Родригез.

https://www.instagram.com/p/Bu6i-pfAE43/?utm_source=ig_embed

Кратко по објавувањето на свршувачката, почнаа претпоставките за датумот на свадбата и за тоа како ќе изгледа церемонијата. Меѓутоа, во едно интервју и самата Џенифер проговорила за тоа и сите ги изненадила…

https://www.instagram.com/p/Buzz2LMg92D/?utm_source=ig_embed

„Се’ уште не планираме ништо. Само што се свршивме. Веднаш по свршувачката ме чекаа некои големи деловни проекти кои морам да ги завршам до крајот на годината, па искрено не знам да ви кажам што се’ ќе се случува.

Всушност, не сме ни сигурни дали воопшто сакаме да ја вметнеме венчавката во толку густ распоред или сепак ќе почекаме. Ништо не знам.“

https://www.instagram.com/p/BrWict0gTqr/?utm_source=ig_embed

Кратко по објавувањето на свршувачката во јавност излегоа приказни дека Алекс Родригез имал афера со две жени додека бил со Џенифер. Една од нив е Плејбој зајачицата Зои Грегори, која тврди дека има докази дека Родригез сакал да има сексуален однос со неа.

На овие обвинувања ниту Џенифер ниту нејзиниот свршеник немале одговор, но многумина тврдат дека токму тоа е причината за одложувањето на свадбата.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.