Мал трик: Овој модел на фармерки изгледа многу поскапо одошто навистина е!
Одличен изглед!
Искомбинирајте ги овие панталони со други парчиња облека и ќе се изненадите од резултатот
Кога станува збор за фармерки, во последно време видовме многу чудни трендови. Фармерките со различни ногавици и моделот на фармерки во кои ќе изгледате како да имате четири нозе се само некои од нив.
После сето ова, многумина се изненадија од истражувањето на експертите дека никогаш не треба да ги перете фармерките.
Меѓутоа, време е да здивнете од сите овие модни (и хигиенски) шокови. Поточно, време е за вистинска класика.
Ако некогаш сте се запрашале кои фармерки се најелегантни и изгледаат како да сте потрошиле огромна сума на пари за нив, одговорот е оние во беж боја!
https://www.instagram.com/p/BvmS3pVBtSX/?utm_source=ig_embed
Оваа едноставна нијанса одлично стои во сите пригоди и многу е лесно да се комбинира со други бои.
Толку добро изгледаат што ви преостанува само да одберете модел. Со нив едноставно не можете да погрешите!
https://www.instagram.com/p/BuzCWdyh81h/?utm_source=ig_embed