„Ја исфрлив свекрвата од нашиот кревет, а потоа започна драмата“: Реакцијата на нејзиниот сопруг ќе ве шокира!

На чија страна сте вие?

Корисниците не можеле да поверуваат што читаат

Една жена неодамна ги шокирала корисниците на еден интернет-форум со своето искуство, кога нејзината свекрва требала да преноќи во куќата на нејзиниот син, но со едно необично барање.

Во својата објава, таа раскажала дека таа и сопругот, со кого е само девет месеци во брак, живеат во друг град, подалеку од неговите родители. Една петочна вечер, мајка му се појавила кај нив од нигде никаде.

Кога дошло време за спиење, свекрвата, која ја опишала како личност што не почитува ничија приватност, побарала да спие во брачниот кревет на сопружниците, по што ја заклучила вратата за никој да не ја вознемирува.

„Ова ми беше бизарно, но љубезно ја одбив и ѝ предложив други опции, како што се гостинската соба, каучот или душекот на надувување, но таа не се откажуваше. Ова покрена караница меѓу нас двете. Во текот на караницата ѝ кажав дека не сакам да се одвојувам од моите работи, но таа му скокна на мојот сопруг, велејќи му: ‘Немој само да стоиш тука! Кажи нешто!’. Тоа го сфати како да се обидувам да ја избркам и почна да плаче, што го вознемири мојот сопруг“, пишува жената во објавата.

До полноќ целата ситуација завршила така што свекрвата си заминала, а сопругот тогаш експлодирал на неа. Тврдел дека не ја почитувала мајка му, која била гостинка во нивната куќа. Потоа тврдел дека тоа е и негова спална соба, а не само нејзина и отишол во хотелот каде што отседнала мајка му по караницата.

„Утредента, на сите им раскажав што се случило и целото семејство ми се налути, а сега и мојот сопруг се жали дека се обидувам да го уништам односот помеѓу него и неговото семејство и дека ги оддалечувам од него“, се пожалила жената.

Не можејќи да поверуваат што читаат, корисниците на форумот веднаш застанале на нејзина страна.

„Па таа била гостинка, гостите спијат во соба за гости, затоа и постои тоа!“, „Ако не си заминеш сега, ти гарантирам дека ќе биде сè полошо“, „Тој не е во состојба да го согледа непочитувањето што неговата мајка ти го покажува“, пишувале корисниците.

Што мислите вие? На чија страна сте?

Приказна на една свекрва: „Еве како ја надмудрив снаата!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.