Приказна на една свекрва: „Еве како ја надмудрив снаата!“

Поучно

Не постои покомплициран однос од оној помеѓу свекрва и снаа

Прочитајте ја вистинската приказна на оваа свекрва, па размислете како вие би постапиле на нејзино место…

„Имам 60 години, а мојот син има 27. Студира и работи. Тој има девојка со која изнајми стан. Неколку месеци се убедував себеси дека тоа е негова работа, дека не е повеќе мал, дека знае што прави, а потоа падна на еден испит, па на втор и тука веќе морав да се вмешам…

Се договорив со сопругот, па ги поканивме двајцата да живеат кај нас дома. Целта беше синот да работи помалку за да има време за учење.

Така и беше. Синот и ‘снаата’ се сместија во неговата ‘детска’ соба. Тоа беше првиот пат како разменив неколку зборови со неа. Дознав дека таа не работи, односно дека добила отказ од претходната работа, затоа што секој ден доцнела.

‘Имам проблем, не можам да станувам рано’, се пожали.

Знаеше целиот ден да го преседи пред компјутер играјќи игрички, а потоа три дена непрестајно спиеше. Немаше желба да сработи што било по дома. Да не ни споменувам дека никако не придонесуваше финансиски.

Јас ја перев нејзината долна облека која без срам ја оставаше во корпата за валкана облека.

‘Таа нема срам’, му се пожалив на сопругот. Првпат во животот налетав на паразит во вистинска смисла на зборот и се погоди тој паразит да е токму мојата снаа.

Одев низ домот и очајно го прашував сопругот: ‘Што да правам?’. Го терав сопругот да разговара со синот за неа, но синот на крајот ни кажа: ‘Сакаше да дојдеме да живееме кај вас, па еве нè!’

Сопругот не можеше да ја поднесе оваа ситуација по дома, па ме праша:

‘Дали се обиде отворено да разговараш со снаата?’

‘Таа не планира’, му кажав.

‘Што не планира?’

‘Па тоа е нејзиниот одговор за сè! Кога ќе ја замолам да ми помогне да зготвиме ручек, таа ми вели: ‘Не планирав да готвам денес!’ Кога ќе ја прашам да ми помогне да испазарам, таа вели: ‘Не планирав да излегувам надвор денес!’

Поминаа неколку дена, а нејзиното паразитирање продолжи. Не студираше, не работеше, само седеше во таа соба и играше игрички и чекаше син ми да се врати од работа…

Не можев да ја разберам. Јас работев од мојата осумнаесетта година, сè што имавме со сопругот, го стекнавме сами.

Еден ден добив одлична идеја. Кога отидов во пошта да платам сметки, одлучив да го откажам интернетот.

Кога си дојдов дома, снаата ме чекаше со прашањето зошто немаме интернет, а јас едноставно ѝ одговорив:

‘Не планирам повеќе да плаќам интернет!’

По само неколку дена, младата двојка одлучи да се пресели кај родителите на мојата снаа. Таму имаа интернет и сè што им треба… Кај мене доаѓаат повремено, за викенди на ручек и така…

Сè уште повремено сопругот се шегува со мене, па кога ќе му кажам да фрли ѓубре или да го среди дворот, тој знае да каже: ‘не планирав!’ Но брзо го пресекувам тоа од корен!“

По 2 години врска, добила список правила на однесување од идната свекрва: Се шокирала од она што го прочитала!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.