Мариса Томеи (57) секој ден го јаде овој појадок: Затоа изгледа одлично во шестата деценија!

Поучно!

Прекрасната Мариса Томеи и во 58-тата година изгледа еднакво атрактивно, а открила и како ја одржува линијата

Американската актерка Мариса Томеи (57) е една од најпознатите актерки во Холивуд, која во 1990-тите години жареше и палеше, а и денес се смета за икона.

Освен со актерскиот талент, привлекува внимание и со својот атрактивен изглед. Таа сè уште изгледа фантастично и во шестата деценија, а доказ за тоа се фотографиите и видеата што ги објавува на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marisa Tomei (@marisatomei)

Мариса во интервју за „Вог“ пред неколку години рекла дека генерално се обидува да јаде локално произведена, сезонска и органска храна.

Исто така, открила дека за појадок обично јаде варено јајце со малку маслиново масло или свежо зрнесто овошје со житарки и јогурт.

При рака секогаш има грицки со висока количина на протеини.

Мариса верува дека нејзината убавина доаѓа однатре.

„Мислам дека поважно е да се внимава на тоа што внесувате во своето тело отколку тоа што го правите во врска со надворешниот изглед. Тоа што го јадам и начинот на кој се поврзувам со храната влијае и врз мојот надворешен изглед. Медитацијата во движење, како што е танцувачката медитација прави да се чувствувам добро во своја кожа, ми помага на спиритуално, психичко и физичко ниво“, раскажала таа за „Вог“.

Додала и дека ужива во инфрацрвена сауна.

„Ме загрева однатре и однадвор, имам повеќе енергија и се чувствувам лесно. Така моето тело се ослободува од сите отрови, особено ако сум морала да земам лекови или сум консумирала повеќе храна.“

Во петтата деценија изгледа одлично: Џенифер Анистон ја открива тајната на нејзината совршена фигура!
Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More