Во петтата деценија изгледа одлично: Џенифер Анистон ја открива тајната на нејзината совршена фигура!

Им пркоси на годините!

Фото: Getty Images

Годините не и’ можат ништо

Таа е како вино, со годините станува се’ подобра.

Многумина се согласуваат дека и покрај тоа што наполнила 50 години, на изгледот можат да и’ позавидат и многу помлади девојки.

Таа открила дека за нејзиниот изглед заслужен е здравиот живот, редовната и избалансирана исхрана редовните тренинзи.

Таа вежба еден час дневно, 5 пати неделно, додека викендот е резервиран за одмор и за собирање сила. За да и’ биде тренирањето полесно, таа комбинира одење во вежбалница, јога, а често вежба и дома со некое видео од Интернет. Најмногу ужива во кардио-тренинзите.

Вака изгледа еден нејзин тренинг во вежбалница:

15 минути возење велосипед, 15 минути трчање на лента и уште 15 минути нордиско скијање.

Не изгледа тешко за спроведување, а се чини дека тоа е сосема доволно за одличен изглед.

https://www.instagram.com/p/BzV3Udxhntt/

Нејзината исхрана е многу здрава. 6 дена неделно јаде храна што содржи мал процент на јаглени хидрати а е  богата со протеини, додека еднаш неделно си дозволува себеси да јаде што сака.

Нејзиното правило гласи:

„Јадете што повеќе органско овошје и зеленчук, одбегнувајте шеќер колку што можете повеќе, консумирајте голема количина на вода и спијте доволно.“

Еве како изгледа нејзината исхрана

За појадок најчесто јаде нутритивно богата храна, како што е овесната каша или кајганата од едно цело јајце и три белки или едноставно пие смуди.

Ручекот и вечерата најчесто изобилуваат со протеини. За овие оброци, таа се одлучува за салати со пилешко или туна.

Освен овие три основни оброци, таа практикува и две ужини помеѓу. Помеѓу оброците јаде некое овошје или зеленчук.

Џенифер не практикува ригорозна диета, туку верува дека здравата исхрана е клучот за добар изглед и чувство.

ФОТО: Getty

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.