Совет од нутриционисти: Ова се најголемите заблуди за холестеролот, а еве и која храна е спасот!

Стручни совети

Како да го снижите холестеролот и кои се најголемите заблуди за оваа маснотија?

Дали оние што имаат покачен холестерол треба да одбегнуваат месо, кои негови делови и што, всушност, би требало да исфрлат од исхраната? Кои навики треба да ги променат за да ги намалат маснотиите и да одбегнат здравствени компликации?

На овие прашања одговараат експертите за исхрана.

Постојат многу заблуди за холестеролот

Кај фитнес-популацијата многу е популарно да се одбегнува жолчка, па вежбачите често прават омлет од белки, кои содржат многу малку калории. Меѓутоа, жолчката содржи многу корисни материи. Месото, јајцата, млекото и млечните производи се многу хранливи намирници. Можеме да живееме без нив, но многу се корисни. Постојат други стратегии што треба да се применат пред целосно да се исфрли месото. Докторите откриваат кои се тие четири стратегии што би требало да ги примениме за да го држиме холестеролот под контрола.

Растителни влакна и здрави грицки

Првата стратегија е воведување растителни влакна, што значи дека за појадок би требало да јадете овесна каша, на пример. Но не треба да јадете инстант-каша, готова од продавница, туку да купите овесни снегулки, да додадете млеко и да ги проварите. Овесот содржи бетаглукан, кој е одличен за спречување рециклажа на холестеролот во телото и за намалување на неговото складирање.

Ова се намирниците што треба повеќе да ги внесувате за да се изборите со холестеролот: мешунки, семиња, лешници, ореви и бадеми. Тоа е, всушност, втората стратегија. Лешниците, оревите и бадемите се извори на фитостерол, кој е растителен вид на холестерол. Тој се натпреварува со холестеролот во цревата околу преземањето.

Најдобри се домашните колачи со путер

Третата стратегија е да одбегнувате маргарин. Затоа докторите велат дека треба да ги исфрлите слатките. Луѓето мислат дека тоа е поради шеќерот, но не е. Се мисли на кремовите, разните наполитанки и слично. На нив пишува хидрогенизирана палмова маст или хидрогенизирано растително масло. Тоа е сè маргарин. Тој многу го покачува холестеролот, без разлика што го рекламираат како производ што не го содржи. Маргаринот го покачува нивото на холестерол шест пати повеќе од путерот. Затоа, домашните колачи се подобри – се приготвуваат со путер.

Лукот е омилената состојка

Четвртата стратегија е да воведеме намирници што се многу добри за холестеролот, како што се лук, маслиново масло, сина риба… Може да се земаат и суплементи. Сепак, докторите предупредуваат да не претерувате со суплементите на фитостерол, бидејќи тие може да имаат штетно дејство ако се земаат во голема мера. Освен тоа, постојат суплементи на лук на кои пишува дека не предизвикуваат лош здив. Но ако суплементот не предизвикува лош здив, тој не е делотворен и не би требало да трошите пари на него, напоменуваат нутриционистите.

5 намирници што ги прочистуваат крвните садови од холестерол: Доволно е да ги јадете повремено!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.