5 намирници што ги прочистуваат крвните садови од холестерол: Доволно е да ги јадете повремено!

Проверено

Сите знаеме дека стресот и брзата храна создаваат холестерол, но малкумина знаат која храна ги прочистува крвните садови

Сите знаеме дека холестеролот може да му наштети на нашето тело, но малкумина знаат како телото може брзо да се регенерира. Доволно е да внимавате на начинот на живот, а особено на исхраната.

Тајната е во две работи: вежбањето и промената на исхраната.

Постојат дури пет намирници што успешно ги прочистуваат крвните садови:

Морски алги

Полни се со минерали, протеини, каротеноиди и антиоксиданси. Тоа е сè што му треба на нашиот организам за да ја одржи функцијата на целото тело. Алгите помагаат во снижувањето на крвниот притисок и во прочистувањето на крвните садови.

Риба: туна или лосос

Маснотиите од овие риби содржат аминокиселини со неверојатно корисни својства. Станува збор, секако, за омега 3 масните киселини, кои помагаат за балансирање на нивоата на холестерол и триглицериди во крвта.

Овесна каша

Овесната каша за појадок ќе ви ја даде потребната енергија да издржите до ручек. Таа ќе го забрза и ќе го нормализира метаболизмот, а покрај тоа, содржи и влакна што ја намалува способноста на холестеролот да се залепи за ѕидовите на артериите.

Соја

Изофлавоните, кои се дел од нејзиниот нутритивен состав, значајно го намалуваат холестеролот и триглециридите во крвта.

Домати

Ако сакате здраво срце, јадете домати кога им е сезона. Тие се богати со ликопен, кој е силен антиоксиданс. Најдоброто нешто во врска со доматот е неговата сестраност: можете да го јадете како салата, во супа или во чорба, но и потпечен во рерна со пиперка и модар патлиџан.

Еве како да го снижите холестеролот по природен пат: 5 едноставни начини!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.