3 скандала што ја обележија венчавката на Борис Џонсон (56): Целиот свет зборува за ова!

Новиот младоженец

Британскиот премиер Борис Џонсон (56) се венча со Кери Сајмондс (33), а на церемонијата присуствувале триесеттина гости. Среќната двојка ќе го одложи медениот месец за следната година

Велика Британија не престанува да зборува за венчавката на Борис Џонсон и Кери Сајмондс (33), која се случила во Вестминстерската катедрала во Лондон. На церемонијата присуствувале триесеттина гости, бидејќи мерките поради коронавирусот го ограничуваат бројот на присутни.

Двојката ги најавиле свршувачката, а потоа и детето во февруари минатата година, а два месеца подоцна го добиле синот Вилфред. Минатата година Борис Џонсон конечно го финализирал разводот од сопругата Марина, а од првата сопруга Алегра се развел во 1993 година.

Првиот скандал поврзан со оваа венчавка е прашањето како е возможно два пати разведениот Борис Џонсон да се венча во католичка црква?

Иако Џонсон има два брака зад себе, Католичката црква може да им дозволи на разведените луѓе да се венчаат под услов претходно да не склопувале брачна заедница во црква  – Борис тврди дека не го направил тоа.

Сега новинарите апелираат црквата да биде погостопримлива кон оние што сакаат повторно да се венчаат во црква, а зад себе имаат пропаднати бракови. Бидејќи, ако може Борис Џонсон, зошто не би можеле другите?

Вториот скандал е самата свеченост што се случила некако тајно. Имено, на приемот имало 20-30 луѓе, вклучувајќи ги роднините: браќата и сестрите на Борис Џонсон, но и мајката на невестата. Некои велат дека Борис се обидел да заштеди на венчавката среде пандемија (што го ограничува бројот на гости), а неговата слаба финансиска состојба не е никаква новост, додека други велат дека двојката на овој начин го прикрила фактот што одредени членови на семејството не се согласуваат со венчавката на Борис и Кери. Имено, Борис има возрасни деца од бракот со Марина, а нивната најстара ќерка е пет години помлада од новата сопруга на Борис.

Третиот скандал е бурната врска на новите сопружници. Се зборуваше дека Кери неколку пати јавно го избркала Борис од својот стан, но дека повторно се смириле. Откако започнал врска со Кери, Борис почнал да води сметка за здравиот начин на живот: вежба, практикува јога и здраво се храни.

На венчавката, невестата носела бел фустан и цветен венец во косата, додека Борис носел кошула и панталони. На една од фотографиите се гледаат среќните младенци кои стојат прегрнати на тревникот, додека невестата ги собула чевлите, а Борис ја извадил вратоврската и ја откопчал кошулата.

Британските медиуми се остри, па ја опишуваат Кери како „среќна девојка која конечно дочекала да се омажи за својот шеф“.

Сепак, малкумина веруваат дека овој брак ќе опстане со оглед на тоа што Борис го бие глас дека е голем женкар. Времето ќе покаже.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време
X