Никој од семејството не го известил принц Хари за смртта на дедо му: Дознал од полицијата!

Му упаднале во вилата среде ноќ

Фото: Getty Images

Британските таблоиди зујат

Принцот Филип, војводата од Единбург, почина пред повеќе од еден месец, а сега британските медиуми пренесуваат дека никој од семејството не го известил побегнатиот принц Хари за смртта на дедо му, туку тажната вест ја дознал од полицијата.

Имено, британските таблоиди пишуваат дека полицијата среде ноќ му чукнала на вратата од вилата во Калифорнија каде што живеат војводата и војвотката од Сасекс, за лично да му соопштат дека починал принцот Филип.

Најпрво, вработените во американската амбасада во Лондон се обиделе да го добијат по телефон, но не успеале да го разбудат со оглед на тоа што тогаш по американско време било три часот наутро.

Бидејќи не се јавувал на телефон, ја контактирале канцеларијата на шерифи од округот Санта Барбара и ги замолиле да испратат полиција во домот на Хари.

Послугата во луксузната вила отвориле врата, а потоа го разбудиле војводата од Сасекс и му ја соопштиле тажната вест.

Британските медиуми наведуваат дека ова е уште еден доказ колку се трајно нарушени односите помеѓу браќата принцови и остатокот од кралското семејство.

Откриена вистинската причина зошто принцот Хари постојано дава интервјуа: Ќе направи се’ за Меган да биде задоволна!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.