Вашето дете зборува со себе – еве што значи тоа

Ако вашето дете зборува со себе, треба да знаете дека тоа не е психолошко нарушување или некој друг проблем, напротив, ваквото однесување има позитивни страни.

Малите деца кои зборуваат сами развиваат одредени вештини, постигнуваат многу подобри резултати на тестовите за моторни вештини во споредба со тивки деца, покажаа резултатите од истражувањето.

– Децата, кога се многу мали, често зборуваат сами со себе кога играат, гледаат телевизија и изведуваат други секојдневни активности – тврди Адам Винслер, професор по психологија.

Родителите и наставниците честопати мислат дека ова е чудно или лошо. Но, ваквите „приватни“ разговори позитивно влијаат на развојот на децата и истовремено им овозможуваат на родителите одличен увид во нивниот внатрешен свет.

Навиката на ова дете е нормална и е составен дел од развојот на децата во периодот од втора до петта година. Веднаш штом ќе започнат да вежбаат ваков вид разговор, нивната комуникација со надворешниот свет се подобрува.

Прочитајте и: Утврдено: Еве за колку време вашето малечко ќе го загуби интересот за новата играчка

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.