5 природни маски кои ќе го вратат сјајот и свежината на вашата коса

Зимата многу често има негативни ефекти врз убавината на кожата и косата, затоа е потребно да се прилагоди режимот на нега во овој студен период.

Косата особено страда од ниски температури и студени ветрови, па затоа е важно да се обезбеди дополнителна нега за да се одржи здрава и сјајна. Еве што ставивме на списокот на негувателни препарати:

Јајца

Јајцата се хранливи и пријатни за косата, така што можат да ја вратат за кратко време. Изматете две јајца со неколку капки маслиново масло, нанесете ја маската на косата (од корените до краевите) и оставете ја да стои 20 минути. Исплакнете добро и измијте со шампон. Нанесете маска од јајца двапати месечно.

Маслиново масло

Идеално е за обновување на испукани врвови кои едноставно шумолат под прстите бидејќи се исушиле, но одговара и на косата цецлосно. Затоа земете го маслиновото масло и добро протријте го во косата, од скалпот до краевите, нежно масирајте ја главата, врзете ја косата во пунџа и завиткајте ја во пластична кеса, а потоа оставете го маслото да стои најмалку еден час. Исплакнете ја косата добро со млака вода, а потоа измијте ја со шампон. Повторете го овој третман еднаш неделно. Истото можете да го направите и со кокосово масло.

Есенцијални масла

Косата сака есенцијални масла. Истурете половина литар вода во шише со капаче, додадете пет капки масло од рузмарин, иста количина на лаванда и масло од лимон. Затворете и добро протресете, а потоа нанесете ја смесата на чиста коса како мелем и не плакнете.

Лимон

Можеби ништо не е толку ефикасно во борбата против првутот како лимонот, и вреди да се проба. Треба да го исцедите и да го измешате со неколку капки маслиново масло. Потоа истријте ја оваа смеса во коренот на косата. Лимонска киселина брзо ќе го отстрани првутот, но повторете ја оваа постапка на секои две недели за да спречите да се врати. Сода бикарбона, која можете да ја мешате со лимон и да ја мачкате во коренот на косата, исто така помага против овој проблем.

Рицинусово масло

Еве еден од најдобрите природни производи за раст и нега на коса. Киселината содржана во рицинусово масло помага да се балансира природната рамнотежа на влагата на скалпот. Доволно е да втриете неколку капки во коренот на влажна коса, со кружни движења, а потоа да ја завиткате главата со крпа и да ја поминете ноќта така, а потоа да ја измиете косата наутро со млака вода и шампон. Практикувајте го третманот двапати неделно. Многу брзо ќе забележите дека вашата коса порасна и изгледа поздраво и посјајно.

Прочитајте и: Сите фризури на Наташа Беквалац на едно место: Која е вашиот фаворит?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.