Утврдено: Еве за колку време вашето малечко ќе го загуби интересот за новата играчка

Не е лошо да се знае

Фондацијата „Британско срце“ (The British Heart), открива – за колку време на децата им здодева една нова играчка.

Испитувањето било спроведено во Велика Британија. Резултатите говорат дека малечкото го губи интересот за играчка за само 36 дена.

Една петтина од родителите рекле дека нивното дете изгубило интерес по 11 часа игра, додека 8 насто рекле дека на нивните деца им е здодевно од новата играчка за помалку од еден час“, се вели во извештајот.

Податоците покажуваат и дека 28 отсто од родителите честопати фрлаат играчки во совршена состојба.

Резултатите од истражувањето се под влијание и на новата технологија, како што е таблетот, бидејќи децата минуваат сѐ повеќе време со таблетите, а сѐ поретко си играат со играчки“, се наведува натаму во извештајот.

Фото: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.