Утврдено е колку точно месеци трае имунитетот по прележување инфекција со коронавирусот

Дали човековото тело долго го „памети“ коронавирусот?

Фото: Илустрација

Човечкото тело обично одржува силен имунолошки одговор на коронавирусот најмалку осум месеци по инфекцијата и потенцијално подолго, велат научниците во студијата објавена во списанието Science.

Нивната анализа покажа дека околу 90 проценти од испитаните пациенти развиле долготраен и стабилен имунитет по закрепнувањето од ковид-19.

Едно од најчестите прашања во врска со коронавирусот, кое се појави пред повеќе од една година, беше дали луѓето можат повторно да се заразат и, ако е така, колку бргу по прележувањето, може пак да се заразат.

Постојат изолирани извештаи за луѓе кои неколку пати се заразиле со вирусот ковид-19, но новото истражување потврдува дека човечкото тело генерално задржува силен имунитет.

Испитувајќи ги примероците на скоро 200 пациенти, истражувачите откриле дека човечкото тело ја задржува, така да се каже, меморијата на ковид-19 и е подготвено брзо да создаде контранапад ако е повторно изложен на вирусот.

Научниците се согласуваат дека имунитетот трае најмалку осум месеци по прележана инфекција со коронавирусот.

Новото истражување доаѓа во време на зголемена загриженост за нови соеви или мутации во коронавирусите, вклучувајќи ги и оние кои се првенствено идентификувани во Велика Британија и Јужна Африка.

Од пред неколку дена е забележан нов вид на корона во седум држави во САД.

Научниците генерално се оптимисти дека човечкиот имунитет може да одговори на новите варијанти на коронавирусот. Сепак, тие истакнуваат дека нема простор за ризикување, па затоа научниците ширум светот проучуваат нови мутации со цел да ѝ обезбедат на јавноста детални податоци за нивните ефекти врз човечкото тело, но и за ефектите врз произведените вакцини.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.