Застрашувачко откритие: Коронавирусот не мора да навлезе директно во мозочното ткиво за да го оштети

Предзвикува оштетување што обично се поврзува со мозочни удари и воспалителни болести на нервниот систем

Верувале или не, коронавирусот не мора да навлезе директно во мозочното ткиво за да го оштети, покажале резултатите од една нова студија, во рамките на која научниците проучувале мозоци на 19 пациенти кои починале од ефектите на коронавирусот.

Тие посветиле посебно внимание на ткивото во регии за кои се верува дека се многу подложни на пенетрација на вируси. Тоа е т.н. bulbus olfactorius, кој го контролира чувството за мирис и мозочното стебло што ги контролира дишењето и работата на срцето.

Кај 14 пациенти, едната или двете регии имале крвни садови кои биле оштетени или затнати, а некои пропуштале. Областите на пропуштање биле опкружени со ткиво кое било променето од воспалението – што е резултат на активирање на имунолошкиот систем на телото, утврдиле научниците.

Сепак, тие не нашле докази за присуство на самиот вирус, како што истакнаа во студијата објавена во New England Journal of Medicine.

Бевме доста изненадени“, изјавил коавторот на истражувањето, д-р Авиндра Нат од Националниот институт за невролошки болести и мозочен удар.

Неговиот тим забележал штета што обично била поврзувана со мозочни удари и воспалителни болести на нервниот систем, нагласил тој.

Нашите досегашни резултати сугерираат дека штетата можеби не е предизвикана од директно продирање на вирусот САРС-CoV-2 во мозокот. Во иднина, планираме да проучиме како ковид 19 ги ​​оштетува крвните садови во мозокот и дали произведува некои краткорочни и долгорочни симптоми што ги гледаме кај пациентите“, објавил д-р Нат.

Видео: Јутјуб

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.