Мајка го смирила детето што беснеело за 1 секунда: Родители ширум светот му се воодушевуваат на нејзиниот метод!

Учете од најдобрите

Импресивно е тоа што го направила

Ејми Луис Крипс од Кембриџ споделила видео во кое нејзиниот син Колби плаче, а начинот на кој нејзиниот сопруг Мајкл го смирил, се покажал како делотворен и иновативен.

Во видеото, кое на Инстаграм има повеќе од два милиони прегледа, 27-годишната мајка покажала како момчето престанало да плаче речиси веднаш откако седнало на таканаречените „среќни скалички“.

„Колби имаше еден од оние денови кога сè резултираше со гнев или крокодилски солзи“, рекла таа.

Нејзиниот сопруг Мајкл го прашал момчето:

„Можеш ли, те молам, да седнеш на среќните скалички и да се вратиш кога ќе станеш посреќен?“

Момчето по околу 10 секунди се вратило во просторијата како ништо да не се случило.

„Следниот пат кога го пробавме овој трик го снимив за да видам дали исто толку брзо ќе дејствува, а овој пат на Колби му требаа 0,0001 секунда да престане да беснее“, додала мајката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amy Louise Crisp (@amylouisecrisp.x)


Родителите откриле дека користеле метод наречен „три предупредувања“, што значи дека го испраќале детето во ќош ако продолжи да беснее, но како што тврдат, „среќното место“ е многу поуспешен и побрз начин на смирување на детето.

Ејми вели дека тоа не е средство што го користат кога Колби навистина е вознемирен или повреден, туку само кога има неосновани изливи на гнев.

Бројни родители го пофалиле методот на оваа двојка.

Тест за родители: Каков вид на воспитување применувате?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.