Малото црно фустанче во режија на најубавата кралица: Миди-должина и чевли што ѝ стојат на секоја жена!

Како ви се допаѓа?

Малото црно фустанче во нејзина режија изгледа отмено и… кралски!

Кралицата Летиција од Шпанија важи за една од најдобро облечените жени во светот на европските благороднички, а позната е по тоа што успева на многу отмен начин да ги износи и парчињата што обично не ги гледаме на принцези и кралици.

Тоа уште еднаш го докажала кога на доделувањето награди Retina ECO Awards, одржано во Мадрид, се појавила во мало црно фустанче што ги открива рамената.

Припиената креација со должина под колена, ја заокружила со црни салонки со отворена пета, што ги потпишува познатата дизајнерка Каролина Херера.

Како ви се допаѓа ова издание на убавата кралица?

Шпанската кралица Летиција не се откажува од овој фустан на Каролина Херера (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.