Дознајте како овој татко за два дена ја превоспитал разгалената и бесна ќерка тинејџерка: Секоја чест!

Браво!

„Не можев да издржам да не го прашам како толку мирно го толерира дрското однесување на ќерка му и како мисли да излезе на крај со тоа“

Една жена го раскажала случајот на нејзиниот пријател и неговата проблематична ќерка…

„Мојот пријател рано остана без сопругата и стана самохран татко на две девојчиња. Тие беа добри деца додека не влегоа во пубертет. Тогаш станаа умислени, арогантни и бараа сè што ќе им текне од татко им, а не даваа ништо за возврат.

Бараа скапа облека, луксузни телефони, сето тоа што го сака секој тинејџер. Тој можеше да им го обезбеди тоа, но во еден момент, однесувањето на девојчињата го наведе сè да им одземе.

Бевме кај нив на вечера и мојот пријател готвеше, но не стаса да измие садови и да ја среди куќата. Тогаш ги замоли ќерките: ‘Девојки, сè е во хаос, можете ли да средите малку? И вашите соби се во неред.’

‘Зошто ти нам ни командуваш? Немаш право да нè тераш да го правиме тоа што не го сакаме, законот вели дека сами одлучуваме’, рекоа полни со себе на глас и одмаршираа во собата со трескање врати.

Пријателот само немо зјапаше во нивната врата неколку мигови, па се врати на разговорот со нас. Искрено, ми беше многу жал за него, во себе вриев од гнев и размислував која би била најдобрата казна за овие умислени девојчиња, кога јас би им била родител.

Го гледав пријателот и тој изгледаше како потполно да заборавил што се случило. Седевме кај него уште неколку час, а девојките повеќе не излегоа од собата. Му понудив да ги измијат садовите, но тој љубезно одби и ми кажа дека нема потреба.

По неколку дена пиевме кафе и повеќе не можев да издржам без да го прашам како толку мирно го толерираше дрското однесување на ќерките и како мисли да излезе на крај со нив.

Тој се насмевна и ми кажа:

‘Во рок од два дена потполно се променија. Сега куќата е беспрекорна, а почнаа и да готват по нешто.’

Го прашав како е тоа можно, искрено не верувајќи дека тоа е воопшто вистина. Тој одговори:

‘Таа вечер чекав да заспијат, па влегов во собата, им ги земав лаптопите и мобилните телефони, новите патики, јакни и чанти, ги спакував во кеса и ги сокрив во багажникот на автомобилот. Садовите и нередот во куќата ги оставив во уште полоша состојба одошто кога вие бевте на вечера. На масата на едната од ќерките, им оставив порака на хартија:

Според законот, не мора да имате лаптоп. Ако ви треба за учење, одете во училишната библиотека. Според законот, не мора да имате модерен телефон, не мора воопшто да имате телефон. Според законот, морам да ве облечам и обујам, но не и во најскапата облека. Најдете кај сте ги фрлиле старите јакни и патики, знам дека сè ви е здраво. Дали е модерно, тоа не ме интересира. Ве сака тато, според законот.’

Сега јас зјапав во него како тој во вратата пред некоја вечер.

Потоа, тој ми објасни дека тој ден си дошол од работа во средена куќа за првпат, ги затекнал креветите наместени, неговите работи испеглани, сè било средено.

Тој е свесен дека го направиле тоа за да им ги врати телефоните, компјутерите и облеката, но не му е грижа. Верува дека ја научиле лекцијата дека ако сакаат нешто да добијат, мораат нешто и да дадат.

Што би рекол тој: Според законот.“

Судбината на секое женско дете зависи од родителот: Ќерката мора да ги чуе овие 5 реченици од својот татко!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.