Тие оставаат неизбришлива трага: Најреткиот тип на личност што го има кај вкупно 1% од луѓето во целиот свет!

Единствени!

Типот на личноста, кој според Карл Јунг поседува единствена комбинација на особини во кои спаѓаат интровертност, сензибилитет и правдољубивост, го имаат само 1 отсто од популацијата

Овие луѓе по природа се смирени и сигурни во своите уверувања, а исто така секогаш се подготвени да им помогнат на другите луѓе.

Овој единствени тип на личност се обележува со кратенката ИНФЈ, а откриен е со тестот Мајерс-Бриџис, кој го создал познатиот психијатар Карл Јунг.

Денес, со овој тест се оценува психолошкиот профил на личноста и неговата зрелост. Со помош на неговите четири скали можеме, на пример, да разбереме како гледаме на светот, како го набљудуваме она што нè опкружува и како се однесуваме едни со други.

Се заснова на 8 екстровертни типови на личност и 8 интровертни типови на личност, а ИНФЈ  е најнеобичниот од сите.

Ова се главните карактеристики на таквите луѓе…

Секогаш им помагаат на другите

Имаат идеалистички пристап и истанчено чувство за добро и зло. Една од нивните најексплицитни цели е да им помогнат на другите, но тие не се ограничуваат на „спасување“ луѓе од тешки ситуации, туку и ги инспирираат, им помагаат да се усовршат и развијат. Многу лесно склопуваат пријателства и одлични се во меѓучовечки односи. Сепак, тие многу внимаваат на времето поминато во интеракција со другите. За ја обноват енергијата, им треба доза личен простор и осамување.

Знаат како да сонуваат

ИНФЈ се неуморни сонувачи. Меѓутоа, нивните соништа воопшто не спаѓаат во категоријата бајковити и невозможни, како што се на обичните пасивни сонувачи, чиј идеализам е толку лесен и кршлив, што и силен ветар може да го оддува. Сосема спротивното. Тие сонуваат конструктивно и целно, често остварувајќи ги своите соништа. Во работното опкружување овие луѓе покажуваат независност, ориентација на целта, висока креативност и голема интуиција. Исто така, често се интересираат за уметност и наука.

Нивниот ентузијазам и идеализам можат да бидат исцрпувачки

Луѓето со овој тип на личност имаат само еден реален проблем: општеството. Во денешниот свет, полн со неправди, затворени врати и ѕидови кои сите мораме постојано да ги надминуваме, не е тешко да се остане разочаран од сопствените напори. Па затоа, често се случува луѓето со овој тип да се откажат и да ја прекинат борбата некое време – едноставно затоа што тоа многу ги исцрпува физички и емоционално.

„Секој човек мора сам да одлучи по што ќе се води – по светлоста на креативниот алтруизам или по мракот на деструктивниот егоизам“, Мартин Лутер Кинг.

Овие луѓе, кои сочинуваат не повеќе од 1% од вкупната популација на Земјата, внесуваат светлина во темнината околу нас. Тоа се луѓе со јасни идеи, сонувачи што имаат цел и идеалисти кои навистина сакаат да ги направат луѓето околу себе барем малку подобри.

5 особини со кои зрачат привлечните жени: Еве по што се издвојуваат од останатите! 
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.