Повкусни не сте пробале: Овие полжавчиња со сирење и со спанаќ се вистински рај за непцата!

Овие полжавчиња ќе ве остават без зборови!

Состојки:
  • 250 г интегрално брашно
  • 250 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче прашок за печиво
  • 100 г растопен путер
  • околу 200 мл вода
  • сусам за посипување
  • 400 г сирење
  • 200 г спанаќ или врзоп блитва
  • 2 белки
  • малку сол

Приготвување:

1. Се мешаат интегралното и екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“, се додаваат солта и прашокот за печиво, растопениот путер и вода колку што е потребно да се замеси тестото.

2. Се обликува во топка, се покрива и се остава да одмора 20 минути.

3. За тоа време се приготвува филот. Се матат белките со виљушка, а потоа се одвојува малку од смесата настрана, за премачкување на тестото.

4. Сирењето се раздробува и се меша со изматените белки. Спанаќот се чисти и се сече на ситни коцки, а потоа се меша со сирењето. Смесата се посолува по желба.

5. По кратко одморање, тестото се сука во правоаголна кора и се мачка со приготвениот фил. Се витка во ролат и се премачкува со преостанатите белки.

6. Ролатот се посипува со сусам и се сече на парчиња во дебелина околу 2 см. Парчињата се редат во плех така што исечената страна ќе биде свртена нагоре.

7. Полжавчињата се печат во претходно загреана рерна на 200°Ц, од 20 до 30 минути.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.