Децата на Бил Гејтс се како Спартанци: „Миеме садови, одиме во црква и тато ни забранува да го правиме ова!“

Милијардите на татко им не значат ништо

Коосновачот на компанијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс, и неговата сопруга Мелинда имаат три деца на возраст од 17 до 23 години, а вака изгледа нивниот живот

Бил Гејтс е третиот најбогат човек во светот. Својата сопруга Мелинда ја запознал во 1987 година, парот се венчал во 1994 година и оттогаш се во брак. Славниот пар одлучил да ги воспитува децата да бидат скромни.

Иако живеат на бајковит имот вреден 127 милиони долари во Вашингтон и сопственици се на неколку поседи, нивните родителски методи се слични на оние што може да се видат во обичните семејства.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melinda Gates (@melindafrenchgates)

Заедно ги извршуваат домашните обврски

Бил и Мелинда ја водата фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, најголемата приватна фондација на светот, која поседува имот вреден речиси 47 милијарди американски долари, но сепак тие со своите две ќерки и син, Џенифер, Фиби и Рори, ги делат домашните обврски.

Заедничкото миење садови секоја вечер е традиција во нивното семејство. Мелинда ја добила оваа идеја за да докаже дека „неплатените“ домашни обврски не би требало секогаш да ги извршуваат жените, а ни мажите. Исто така, верува дека заедничкото миење садови го зајакнува нејзиниот брак со Бил и семејните односи, а на децата им всадува чувство за обврска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melinda Gates (@melindafrenchgates)

Телефоните се забранети на трпезариската маса

Титанот во светот на технологијата е многу строг кон своите деца кога станува збор за користење технологија. Бил и Мелинда им забраниле на своите деца да користат уреди на трпезариската маса, додека првиот телефон го добиле по 14-от роденден. Бил им го ограничува времето што смеат да го поминат гледајќи во екран, бидејќи смета дека така ќе имаат поквалитетен сон.

Семејството редовно оди во црква

Во едно интервју, Бил Гејтс истакнал дека неговото семејство редовно оди во црква.

„Ги воспитувавме децата на религиозен начин. Тие одат во католичка црква, чии членови сме и јас и Мелинда“, нагласил Бил.

Исто така, тој објаснил дека неговата филантропска работа првенствено се залага за намалување на нееднаквоста во светот, на која ќе ѝ се посветат и неговите деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melinda Gates (@melindafrenchgates)

Бил Гејтс е вистински револуционер на полето на технологијата, но тој и Мелинда и понатаму го следат родителскиот модел развиен за време на 1970-те. Метод на воспитување наречен „љубов и логика“ ги намалува емотивните реакции како што се навредување, казнување и карање на децата. Но мора да се знае редот!

Нивното прво дете, ќерката Џенифер, е родена во 1996 година и дипломирала на Универзитетот Стенфорд. Искусна е во јавањето коњи и се натпреварувала ширум светот.

Второто дете е 20-годишниот син Рори Гејтс, кој студира на Универзитетот во Чикаго.

Фиби Гејтс има 17 години и е третото дете на познатите родители.

Бил Гејтс ги препорачува овие 5 книги: „Ова е една од најдобрите книги што сум ги прочитал последниве години!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.