Бил Гејтс ги препорачува овие 5 книги: „Ова е една од најдобрите книги што сум ги прочитал последниве години!“

Препорака

Бил Гејтс последниов период е преокупиран со пандемијата на коронавирус и еден од луѓето што активно работат на пронаоѓањето лек за ковид-19, но тоа не го спречило дел од слободното време да посвети на читање

Како и досега, основачот на Мајкрософт и големиот филантроп, и оваа година на својот веб-сајт препорачал 5 книги кои би можеле да ни бидат интересни. Дознајте што има да каже Бил Гејтс за нив…

Избор“ – Д-р Идит Ива Игер

https://www.instagram.com/p/CAUGHVCHReF/?utm_source=ig_embed

Оваа книга делумно е автобиографска приказна и делумно е водич за соочување со траума. Игер имала само 16 години кога таа и нејзиното семејство биле испратени во Аушвиц. Откако преживеала неверојатен страв, се преселила во САД и станала терапевт. Сигурен сум дека на многу луѓе во моментов ќе им бидат корисни нејзините совети за надминување тешки ситуации.“

Атлас на облаците“ – Дејвид Мичел

https://www.instagram.com/p/BbFx1uSnUUx/?utm_source=ig_embed

Ова е еден од оние романи за кои многу размислувате откако ќе ги прочитате. Тешко е да се објасни неговото дело со оглед на тоа што се состои од шест поврзани приказни кои се случуваат во период од повеќе векови. Ако сте расположени за роман кој опишува сѐ што е добро и лошо во врска со човештвото, ќе бидете воодушевени од книгава, како мене.“

Возење за паметење“ – Роберт Ајгер

https://www.instagram.com/p/B27xmv_lF9U/?utm_source=ig_embed

Ова е една од најдобрите книги за бизнис што сум ја прочитал последниве години. Ајгер завршил одлична работа во прикажувањето на тоа како изгледа кога сте директор на голема компанија. Без разлика дали барате корисен совет во врска со водењето бизнис или барате забавно четиво за читање, мислам дека ќе уживате во овие интересни анегдоти на човекот кој бил на чело на компанијата ’Волт Дизни’ од 2005 до 2020 година.“

Големата инфлуенца“ – Џон М. Бери

https://www.instagram.com/p/CAT5TTXguUp/?utm_source=ig_embed

Ова што сега го преживуваме е потполно ново на некое ниво. Сепак, постојат историски паралели, а нешто најблиско до пандемијата на коронавирус е шпанската треска од 1918 година. Бери ќе ве научи сѐ што треба да знаете за една од најсмртоносните пандемии во човечката историја. Иако животот во 1918 година бил значително поинаков од денес, ’Големата инфлуенца’ нѐ потсетува дека човештвото и понатаму се соочува практично со истите предизвици.“

Добра економија за тешки времиња“ – Абхиџит Банерџи и Естер Дуфло

https://www.instagram.com/p/B5XdhuPpYP0/?utm_source=ig_embed

Абхиџит Банерџи и Естер Дуфло минатата година беа наградени со Нобелова награда за економски науки и тие важат за едни од најдобрите економисти на денешницата. За наша среќа, тие, исто така, знаат како на едноставен начин да објаснат комплицирани економски концепти. Во фокусот на нивната нова книга се нееднаквоста и политичката поларизација во САД и во другите богати земји во последниве децении.“

Зошто треба да го искористиме слободното време за читање?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.