9 знаци на синдром на нервозно дебело црево за кои треба да знае секоја жена

Фото: Getty Images

Синдромот на нервозно дебело црево (IBS) е хронично гастроинтестинално нарушување придружено со болка во стомакот и изменети движења на дебелото црево.

За да ви биде дијагностициран овој проблем воопшто, мора да имате симптоми најмалку три месеци. IBS е почест кај жените, а жените не се ни свесни за нивниот проблем во многу случаи. Друг проблем лежи во фактот дека ова нарушување е тешко да се дијагностицира бидејќи нема маркери или тестови за да се потврди дијагнозата. Дијагнозата се базира само на симптомите.

Симптоми на синдром на нервозно дебело црево

Општо, симптомите на синдром на нервозно дебело црево се поврзани со болки во стомакот и промени во работата на цревата. Но, болката во стомакот може да се манифестира на различни начини. Ова се некои од најчестите симптоми:

  • стомачна болка
  • грчеви
  • надуеност
  • прекумерни и чести ветрови
  • дијареја
  • затвор
  • проблеми при варење
  • депресија или вознемиреност
  • губење на апетит

Симптомите најчесто започнуваат во детството, и генерално ова нарушување не се јавува по 40-та година од животот. Не е утврдено што точно го предизвикува овој проблем, но научниците го поврзаа со низа работи. Синдромот на нервозно дебело црево се јавува поради прекумерна или слаба функција на дебелото црево, а научниците веруваат дека тоа е поврзано со стрес, (добри) бактерии во цревата и дека е генетски наследно. Ако имате некој од овие симптоми и откривте дека траат три месеци или повеќе, контактирајте професионалец за да утврдите дијагноза и третман.

Прочитајте и: Причините зошто градите ве чешаат може да покажат сериозни здравствени проблеми

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.