4 работи што не смеете да им ги дозволите на вашите возрасни деца: Без разлика колку години имаат, запомнете – вие сте родителот!

Родителство

Мора да го прочитате ова

Без разлика колку години имаат, постојат работи што не смеете да им ги дозволите на вашите деца. Еве за што станува збор…

Манипулација

„Мамо, ако ме сакаш, ќе го прифатиш и мојот партнер“, „Тато, ако ме сакаш, подигни кредит за да купам автомобил“. Па ако не го исполните нивното барање, се закануваат дека ќе си заминат и дека никогаш повеќе нема да ви се јават. Ова е чиста манипулација! Ова не смеете да го дозволите. Вашите сакани нема да ве напуштат само затоа што имате свое мислење и се држите до себе.

Доминација

Една жена сама го воспитала својот син. Ѝ било криво што детето расте без татко, па му дозволувала да прави што сака. Сето тоа било залудно. Момчето пораснало и престанало да се грижи за мајка му. Се враќало дома само кога му требале пари. Се оженил, добил деца, а на мајка му ѝ забранил да доаѓа кај нив. Таа се довела до тој степен што се плашела од роденото дете. Го јадела само тоа што нејзиниот син го одобрувал, купувала работи што се поевтини за да има пари да му даде на синот и внуците и живеела во постојан страв од детето.

„Ова е мое, а тоа е наше“

Децата често немаат граница. Природно им е сфаќањето дека сé што е родителско е „наше“, а сé што е нивно е само нивно. Ако позајмиле пари од вас, нека ви ги вратат. Ако го зеле вашиот автомобил на неколку месеци, нека ви го вратат. Научете да им кажете НЕ!

Не дозволувајте да бидете обезвреднети

Децата не смеат да ве омаловажуваат, да ви се смеат, да го исмеваат вашиот избор и животот воопшто. Постои голема разлика помеѓу добронамерните совети и потсмевањето. Не дозволувајте да ве критикуваат и да зборуваат наместо вас. Вие имате право да го живеете животот како што сакате и вашите деца мора да го сфатат тоа на време.

Ајде да зборуваме малку за лошите мајки кои ги мразат своите ќерки: Да, да, постојат и такви…
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.