Не е онака како што изгледа: IV ДОЗА – да се вакцинира или не?

Стручно мислење

Во екот на новите информации за коронавирусот, кој повторно се шири во некои делови од светот, читателите нѐ прашуваат што да прават кога ќе поминат шест месеци од примањето на третата доза.

Во новиот број на специјализираното списание за унапредување на здравјето „Руски доктор“, кое е во продажба, можете да го прочитате одговорот на ова прашање, кој го даде д-р Елена Петровна Астапова (Минск).

 

Го спасува животот Вакцината придонесува за кратко време да се развие имунитет кај поголем број луѓе. Не дозволува моментално масовно заразување, кое би довело до парализа на општествениот живот, и не создава притисок врз здравствениот систем.

Таа ја ограничува можноста за мутација на вирусот, бидејќи колку подолго тој циркулира меѓу луѓето, толку повеќе мутира: може да стане позаразен (полесно и побрзо да се шири), попатоген (може да биде уште поштетен за здравјето), да научи да им „бега“ на развиените шеми за лекување…

И, конечно, вакцината спречува да дојде до потежок тек на болеста, компликации, инвалидитет и смрт.

! Значи, вакцината не гарантира стопроцентна заштита од заразувањетаа го спасува животот.

 „Природен“ имунитет Некои веруваат дека е подобро да го прележат ковид и да стекнат антитела по природен пат. Да, но никој од починатите не планираше да заврши трагично.

Остатокот од текстот можете да го прочитате во новиот број на „Руски доктор“.

Текст и фото: „Руски доктор“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.