Ајде да зборуваме малку за лошите мајки кои ги мразат своите ќерки: Да, да, постојат и такви…

Познавате ли некоја слична мајка?

Нема секоја мајка мајчински инстинкт – омразата е посилна од тоа

Мајката на една девојка ѝ кажала многу лоши работи на својата ќерка. Ги потценувала нејзините успеси. Како на пример: „Тоа е почетничка среќа. Нема шанси да опстанеш на тој факултет.“

Ѝ кажувала на ќерка ѝ дека е дебела, дека има широк грб, сето тоа под паролата дека го прави тоа за доброто на своето дете.

„Кој ќе ти ја каже вистината ако не јас?“ – вака ѝ зборувала многу често.

Ќерката си купила убав фустан од пари што самата ги заработила. Мајка ѝ кажала: „Бадијала ти е фустанот кога имаш криви нозе!“

Ќерката почнала да плаче: „Мамо, зошто ме мразиш?“ Можеби се надевала дека мајката ќе се покае и ќе се извини, ќе ѝ каже дека ја сака и дека ѝ посакува добро, но…

Мајката со тивок и гневен глас рекла:

  • „Затоа што не можеш наутро ни да се измиеш, можеш така, право од кревет да излезеш пред светот – имаш младост!
  • Затоа што јас морам со часови да седам на фризер, а ти без никаков труд имаш густа и сјајна коса.
  • Затоа што не мораш да одиш на масажи и на тренинзи, ништо не виси на твоето тело.
  • Затоа што не мораш да потрошиш цела плата на козметичар и да трпиш игли од ботокс на твоето лице.
  • Поради тоа што мажите те гледаат, а ти дури и не се трудиш да те забележат. Добиваш сè на готово!“

Мајката бесно ги набројувала причините.

Ќерката почекала неколку месеци да се осамостои, а потоа изнајмила стан и си заминала далеку од дома…

Ајде да зборуваме за жените, за завидливите мајки кои не можат да го поднесат моментот кога нивната ќерка ќе процути. Ајде да зборуваме за мајките кои упорно се трудат да ја задржат својата младост и зборуваат наоколу дека тоа не им е ќерка, туку пријателка…

Ајде да зборуваме за мајките кои со задоволство го уништуваат животот на своите деца, затоа што се сами и несреќни. Зависта е посилна од нивниот мајчински инстинкт!

Еве што се случува во главата на детето кога ќе добие ќотек од мајката: Објаснување на психолог!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.