Еве што се случува во главата на детето кога ќе добие ќотек од мајката: Објаснување на психолог!

Страшно!

Рускиот психолог Михаил Лабковски испратил апел до сите родители

Прочитајте што кажал психологот Лабковски за тоа како детето го доживува ќотекот…

„Пријатели, сакав да ви кажам зошто не смеете да ги тепате децата (ако не ви е тоа очигледно од некоја причина).

Кога сме во состојба на стрес, на пример, кога се соочуваме со некаква закана, ни се потсмеваат или ни нанесуваат физичка болка, се ослободуваат група глукокортикоидни хормони во крвта. Тоа се хормони на стрес, кои се одговорни за реакцијата на напад „удри или бегај“.

Овој процес е прилично комплициран и долготројно влијае врз телото. Поради тоа, кај децата овие хормони не се ослободуваат во крвта кога се во присуство на родителите (особено на мајката). Така природата го штити телото на детето во развој од дополнителни оптоварувања.

Ако самиот родител стане извор на стрес, тогаш детето нема да го перципира насилството како опасност. Односно, нема да му создава стрес, тоа ќе му биде нормално, сѐ е во ред, така мора да биде, бидејќи произлегува од родителите.

Што мислите, во каков човек ќе порасне вашето дете кое од мали нозе верува дека насилството и агресијата се нормална состојба?

А што ќе се случи ако детето дојде во допир со вистинска закана од возрасна личност:

Ќе ви одговорам од психолошки, а не од физиолошки аспект. Постојат две сценарија: детето или ќе стане агресор или жртва.

Со тепањето на детето, се руши неговата верба во животот.

Ве молам да пронајдете сила во себе и да сфатите колку не е во ред да ги тепате децата! Можеби и самите сте биле претепувани во детството и сигурни и денес се сеќавате на тие ќотеци како најболното нешто во детството.

Пријатели, ова е многу сериозна и важна тема. Искрено се надевам дека ќе разберете за што ви зборувам.“

Мајка го смирила детето што беснеело за 1 секунда: Родители ширум светот му се воодушевуваат на нејзиниот метод!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.