Долго ја немаме видено: Ен Хатавеј во фармерки што се хит модел за пролет 2022! (ФОТО)

Холивудската актерка Ен Хатавеј деновиве е забележана како шета низ улиците на Рим, облечена во лежерна, шик-комбинација, составена од блејзер во темносина боја, бела блуза со цик-цак проштеп и фармерки во темна боја со избледени детали.

Парчето кое најмногу се истакна во овој стајлинг е еден од водечките модни трендови на пролетта, секако се работи за ѕвонарките.

Овој модел на панталони и фармерки можевте да го видите во колекциите на хајстрит-брендовите во текот на зимата, но сега ѕвонарките се дефинитивно во преден план на секоја модна колекција, а може да се каже и во гардероберот на секоја втора славна личност.

Фото: Printscreen Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.