Северина најде начин како да објави фотографија со синот без да ја прекрши судската забрана: Обожавателите ѝ помогнаа (ФОТО)
Прекрасен подарок по повод роденденот на Александар
Северина денес го прославува раѓањето на синот Александар Поповиќ. По тој повод, популарната пејачка објави емотивна честитка на својот инстаграм-профил, а фотографијата која ја објави ги воодушеви нејзините обожаватели.
Имено, Северина по подолго време објави фотографија на која се гледа ликот на малиот славеник, и покрај судската забрана да го објавува лицето на малолетниот Александар, донесена на барање на неговиот татко Милан Поповиќ.
View this post on Instagram
Кога се роди, паѓаше снег во Сплит. Кога се роди ти, се родив и јас. Твојата слика привремено не смеам да ја објавам, но графитот кој стои на ѕидот од една куќа, кој тукушто го добив, сè уште не е забранет. Им благодарам на добрите луѓе кои ми го пратија овој графит и му благодарам на авторот… Среќен роденден, чудо мое“, Северина напиша во објавата.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм