Наташа Беквалац емотивно „пукна“ заради ќерката: „Не ни е лесно, ама затоа ни е најдобро!“

Популарната пејачка денеска има убава причина за славење – нејзината постара ќерка Хана го слави својот 15. роденден.

По тој повод, Наташа Беквалац на својата наследничка ѝ посвети роденденска честитка полна со емоции, која ја објави на социјалните мрежи.

Мое прво бебе, најголема љубов на мама, среќен ти роденден! Ти си мојот најголем успех, ти си мојата безусловна љубов, ти си мојата поддршка, ти си мојот придружник и борец, ти благодарам што овие 15 години ми беше водич низ животот, учителка и ти благодарам што сум твоја мајка. Не ни е лесно, но затоа ни е најдобро! Те сака мама. Горда сум на секој твој чекор. На секој, не заборавај!“ – напиша Наташа во пораката посветена на Хана.

Nataša Bekvalac

Фото: Printscreen Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.