Кога ќе ги погледнете овие ФОТОГРАФИИ, ќе сфатите зошто Наташа Беквалац е строга мама (ФОТО)

Крушата под круша паѓа

Фото: Инстаграм

Постарата ќерка на популарната пејачка, 15-годишната Хана Икодиновиќ, израсна во вистинска убавица.

Очекувано, велат обожавателите на ликот и делото на Наташа Беквалац, која Хана ја роди во бракот со бивпиот ватерполист Данило Икодиновиќ. Па мајка ѝ е „новосадска барбика“, како што ја нарекуваат медиумите…

Е сега, младата Хана ги изнанеди дури и најблиските пријатели на нејзината популарна мајка објавувајќи на Инстаграм видео во кое „флертува“ со камерата додека чекори.

Ова видео набрзина собра многу лајкови и комплименти, а сите со нетрпение ја очекуваат реакцијата на Наташа, која важи за строга мајка.

Многумина коментираа колку Хана е убава на мама и дека е јасно како бел ден дека ќе биде заводница како и популарната пејачка.

Но дали Беквалац ќе ги одобри или забрани ваквите објави на својата наследничка, времето ќе покаже.

Фото: Printscreen Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.