„Шеќерна“ замина меѓу легендите: Последен поздрав за Марина Пухариќ

Нејзините посмртни останки ќе бидат изложени денес (недела) во капелата на гробиштата во Бутел – Скопје од 13.30 до 14.00 часот

Во текот на вчерашниот ден почина популарната пејачка Марина Пухариќ во 66-та година од животот. Познатата интерпретаторка на македонските староградски песни публиката особено ја памети по популарната песна „Бело лице што го сакам“ или „Шеќерна“, како што ја нарекуваа.

Нејзините посмртни останки ќе бидат изложени денес (недела) во капелата на гробиштата во Бутел – Скопје од 13.30 до 14.00 часот.

За време на својот активен живот, Марина беше препознатлива по мелодичното елегично толкување на разни жанровски композиции, почнувајќи од народните, староградските до забавните македонски песни. Ќе остане запаметена по нејзините композиции „Мојот разбој“, „Мојот сон“, како и по интерпретацијата на традиционалните песни: „Зошто ми се лутиш“, „Дали го виде“, „Кажи Анѓо, кажи душо“ , како и песните од поп музиката: „Ти ме оставаш“ „Есенска елегија“, „Биди насмеан“, „Времето минува“ итн. Соработка со композиторите Љубомир Бранџолица, Ванчо Димитров, Јанко Узунов и женската пејачка група „Сирма“.


Таа го наследи талентот од нејзината тетка, Нина Спирова. Марина Пухариќ, освен што се занимаваше со музика, беше наставник по физика и хемија.

Фото и видео: Youtube

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.