Гоца Тржан: „Докторите кренаа паника околу мене за да ми го спасат животот“
Емотивно
Гоца Тржан на својот профил на Инстаграм објави фотографии со ќерката Лена, која вчера наполни 13 години, а во описот откри дека за време на породувањето животот ѝ бил загрозен животот.
Пред 13 години во ова време се подготвував да те донесам на свет, беше мирна и не ти се брзаше и дури во 20:05 за првпат го слушнав твојот глас и ги видов твоите очи. Заплака само двапати и потоа те ставија покрај мене и само те гледав. Не чуствував ниту болка, ниту страв што докторите кренаа паника околу мене за да ми го спасат животот, само гледав во тебе – напишала пејачката во објавата.
Исто така те гледам и денеска, со гордост, со љубов, понекогаш со вина дека нешто не правам како што треба… И ќе грешам, сигурно. Единствено во што сум сигурна е дека засекогаш ќе те сакам, дека ќе бидеш мојата најголема радост и најголема болка и дека секоја твоја прегратка ќе ме прави најсреќна во универзумот. Драга моја Лено, среќен роденден, добре дојде во тинејџерската доба, биди ни секогаш здрава, среќна и внимателна, а сепак полна живот и љубов за другите… Знај дека си моја докрај на времето, дека твоето срце чукаше под моето и поради тоа сме засекогаш поврзани и во радост и во болка. Те сака твојата мајка“, порача Тржан во пораката на Инстаграм.
Фото: Инстаграм