Пронајдете ја разликата: Северина на инстаграм-профилот на сопругот и на својот не изгледа исто (ФОТО)

Каде ви е поубава?

Поп-пејачката Северина на својот инстаграм-профил објави фотографија снимена во 2017 година. Неа првично ја објави нејзиниот сопруг Игор Којиќ, во времето кога во љубовта им „цветаа ружи“, а неодамна осамна и на профилот на популарната пејачка, во малку изменето издание.

Имено, фотката која е од истата „фотосесија“ е значително „поблескава“ на профилот на Севе.

Најубавиот поглед“, гласи коментарот на вљубениот Игор, кој го остави во описот на споделената фотографија од својата сопруга.

 

 

View this post on Instagram

 

Most beautiful view

A post shared by Igor Kojić (@igorkojic) on

Три години подоцна, слична фотографија објави и Северина, но овој пат изостана коментар на Игор.

 

Дали со овој потег Севе сакаше да го потсети на времето кога уживаа во љубовта, земајќи предвид дека во последно време на големо се пишува дека фудбалскиот менаџер поднел документи за развод на бракот, или едноставно многу и’ се допаѓа фотографијата, па посакала да ја „оживее“, времето ќе покаже… Дотогаш, сами проценете на чиј профил Севе игледа подобро:

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.