Ким Кардашијан Вест (39) пред два дена на својот инстаграм-профил објави две фотографии на кои позира на справа на вежбање.
На фотографиите, кои популарната американска ријалити-ѕвезда ги опиша како „карантински тренинг“, таа позира во леопардест костим за капење и гломазни патики, но во преден план се, секако, нејзините истакнати облини, стегнати во минијатурните бикини, но и целулитот, кој е навистина „раритет“ кога станува збор за објавите на „кралицата на Фотошопот“, како што ја нарекуваат светските медиуми.
Изгледа Ким периодов е во филмот на „природното“, па одлучи да покаже дека и таа е од крв и месо, покрај пластиката…
Фото: Инстаграм