Никој не си личи толку како тие две: Ќерката на Мила Јововиќ е нејзина слика и прилика – како близначки!

Мајка и ќерка

Неверојатно е тоа колку Евер Габо личи на својата славна мајка Мила Јововиќ

Мила Јововиќ (45) деновиве го пренасочила вниманието кон својата најстара ќерка Евер на која ѝ го честитала роденденот на Инстаграм.

Имено, ќерка ѝ Евер наполнила 15 години, а за таа пригода гордата мајка ѝ го честитала роденденот со овие зборови:

„Нека му е среќен роденденот на моето неверојатно првородено дете. Не можам да ти кажам колку јас и татко ти сме горди на тебе и на тоа што стана неверојатно човечко суштество. Гледајќи те како растеш во паметна, урнебесна, високо интелигентна и интересна личност, моето срце расте секој ден…“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milla Jovovich (@millajovovich)


Мила е во брак со Пол Андерсон од 2009 година, а двојката има три деца, од кои Евер е најстара.

Освен што ги наследила гените на мајка ѝ, најстарата ќерка Евер ги следи и нејзините чекори кога станува збор за глумата. Ја глумела Наташа Романоф во филмот „Црна вдовица“, а ќе ја гледаме и во филмот „Петар Пан и Венди“.

Евер истакнала дека многу сака да се занимава со глума и дека тоа е нешто што навистина сака да го прави. Исто така, изјавила дека родителите ѝ давале совети и упати за тоа што би требало да проба и да направи поинаку.

Многумина ја коментираат неверојатната сличност на мајката и ќерката, а во продолжение погледнете ги нивните најинтересни заеднички фотографии…

Ќерките на Мила Јововиќ се копија на својата мајка: Растат во вистински убавици!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.