Неочекуван подарок за тато: Ќерката на Дејвид Бекам му го разубави денот (ФОТО)

Мислам, сериозно, поракава!

Дејвид Бекам не крие дека 8-годишната ќерка Харпер му е миленица. Фудбалскиот ас ужива во дружбата со својата наследничка и ја носи секаде – од концерти до фудбалски натпревари. Иако покрај неа има и три сина, повеќе од очигледно е дека меѓу нив има некоја посебна, нераскинлива врска.

Дејвид е подготвен за својата галеница да направи сè (беше со неа на концерт на Џастин Бибер, ја потстрижуваше, шиеше фустанчиња за нејзините кукли), а и 8-годишната Харпер ги прави работите што го прават среќен нејзиниот славен татко.  Па така, утринава му подари букет ружи со слатка порака:

Цвеќето е жолто затоа што ти си сонце. Те сакам со цело срце“, а гордиот татко не одолеа да не се пофали колку му е драг овој гест на неговата ќерка.

Нема поубав начин да ти почне неделното утро од цвеќето добиено од мојата мала дама“, напиша фудбалскиот ас.

Фото: Guliver/Getty Images, Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.