Ешли Греем и во поодмината бременост ги покорува модните писти во Њујорк (ФОТО + ВИДЕО)

Убавината доаѓа во многу форми

Ешли Греем, најпозната плус-сајз манекенка, покажа дека и во бременоста можете да чекорите по модната писта, а нејзиното појавување на ревијата на Томи Хилфигер во Њујорк, која се одржа во театарот Аполо во Харлем, предизвика овации од публиката.

На ревијата на славниот дизајнер на Модната недела се појави во црн фустан со висок шлиц и на високи потпетици, а како „моден додаток“ тука беше нејзиното трудничко стомаче, кое гордо го галеше со раката.

Каква ноќ! Оваа ревија беше за паметење, возбудлива и навистина инспиративна. Толку сум благодарна и горда што учествував на олку неверојатна ревија. Ви благодарам што вклучувате и претставувате различни жени на вашата писта и со тоа покажувате дека убавината доаѓа во многу форми. Никогаш не можев да замислам дека бремена ќе чекорам по пистата, навистина ми беше чест“, напиша Ешли на својот инстаграм-профил по ревијата.

Фото: Profimedia

Видео: Youtube

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.