Ким Кардашијан во куќа без струја и вода морала да врши нужда во шише
Во име на љубовта, подготвена да се откаже од луксузот
Гостувајќи кај познатиот водител Џими Фалон, Ким Кардашијан откри колку го сака сопругот Канје Вест и дека заради него би се откажала од луксузот во кој живее.
Таа сподели необично искуство кое се случило кога со сопругот ја посетила сојузната држава Вајоминг.
Го обожаваме Вајоминг, тоа е прекрасно место. Маж ми купи ранч таму и негов сон е да живееме во него“, раскажа Ким, која е родена и израсната во Лос Анџелес.
Јас го сакам Лос Анџелес и замислувам како ги поминуваме летата и викендите во Вајоминг. Тоа е најубавото место што го имам видено во животот. Моите сестри и јас сонувавме да купиме ранч каде што би ги поминувале летата и би се тргнале од градскиот метеж“, додаде риалити-ѕвездата, која доколку се пресели на ранчот ќе мора да заборави на луксузот во кој ужива сега.
Имено, колибата во која преноќиле немала струја и вода, па Ким морала да уринира во шише.
Тој сакал да поминеме романтична вечер, но сфати дека тоа не е мојата визија за романтика“, се пошегува Ким.
Ким за арапското издание на „Вог“ раскажа дека својата иднина ја гледала таму пред Канје да го купи ранчот.
Нè гледам како живееме на ранч во Вајоминг и одвреме-навреме одиме во Палм Спринг и Лос Анџелес“, изјави Ким и даде потврден одговор на прашањето на водителот дали е подготвена во име на љубовта да се откаже од својот луксуз.
Фото: Инстаграм, Getty Images
Видео: Јутјуб