Наташа Беквалац посебно горда поради ќерка си Хана (ФОТО)
Кембриџ-диплома ви се молам!
Наташа Беквалац неколку пати досега има истакнато дека успехот во нејзиниот живот се нејзините две ќерки Хана (10) и Катја (1,5).
Таа тврди дека со постарата наследничка, која ја доби во бракот со бившиот ватерполист Данило Икодиновиќ – Дача, нема само пријателски однос, туку умее да биде и строга мајка. Посебно во обидот да и’ укаже дека образованието е многу важно, но изгледа на Хана школото ѝ оди од рака, па има време и за дополнителни активности.
Имено, популарната пејачка на својот инстаграм-профил откри дека Хана го положила испитот Кембриџ и добила диплома за нивото Б1.
View this post on Instagram
Кембриџ-диплома ви се молам! Прегорда сум!“, кратко порача Наташа.
Фото: Инстаграм